ЈЗУ Општа болница" Борка Талески" Прилеп

 

Ј А В Е Н  О Г Л А С

За вработување на здравствени работници на неопределено време

                                   

ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ Прилеп, распишува оглас за вработување на здравствени работници на неопределено време на следното работно место:

1. Доктори на медицина..............................3 (три)  извршители со завршен VII/1 степен на образование,   медицински факултет и лиценца за работа.

  •  

.Кандидатите од точка  1 треба да ги исполнуваат следните услови:

Општи услови предвидени во член 158 став 2 од Законот за здравствена заштита:

  • Да се државјани на Република Македонија,
  • Да се полнолетни,
  • Да имаат општа здравствена способност,
  • Да не им е изречена правосилна одлука забрана за вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови предвидени во член 158 став 5 од Законот за здравствена заштита::

-Кандидатите под точка 1. да имаат  завршено VII/1 степен на образование, медицински факултет

-Да имаат лиценца за работа .

-Познавање на еден од трите најчесто користени светски јазици (англиски, германски или француски), со назнака во пријавата, кој јазик го познаваат.

-Кандидатите кои се стекнале со лиценца за работа како доктори на медицина по 22.05.2019 година, да имаат претходно најмалку шест месеци работа согласно стекнатата лиценца за работа, во примарна здравствена заштита во Здравствен дом, според програма на Министерството за здравство.

Кандидатите под точка 1 покрај пријавата треба да ги достават и следните документи:

  • V;
  • Уверение за државјанство не постаро од 6 месеци, во оригинал или нотарски заверена копија,
  • Лекарско уверение не постаро од 6 месеци во оригинал или нотарски заверена копија,
  • Доказ дека не му е изречена правосилна одлука забрана на вршење професија, дејност или должност од надлежен Суд или од Централниот регистар на Република Македонија во оригинал или нотарски заверена копија, не постаро од 6 месеци,
  • Уверение за положен стручен испит во оригинал или  заверено на нотар,
  • Документ за познавање на странски јазик, (англиски, германски или француски),
  • Документ за завршен медицински факултет  (со оценки), за кандидатите кои завршиле во странство и еквиваленција на оценките,  издаден од Министерството за образование на Република Македонија, .во оригинал или заверени на нотар
  • Лиценца за работа во оригинал или заверена на нотар и
  • Доказ за  најмалку шест месеци работа согласно стекнатата лиценца за работа, во примарна здравствена заштита во Здравствен дом, според програма на Министерството за здравство, само за кандидатите кои се стекнале со лиценца за работа после 08.02.2019 година.

Работното време ќе се одвива во смени со 8 часа дневно работно време, 40 часа неделно работно време просечно во годината. Паричниот износ на основната плата ќе се исплаќа согласно Колективниот договор за здравствена дејност на Република Македонија и тоа за работното место доктор на медицина нето платата ќе изнесува 27.403,00 ден.

По извршената селекција на пријавените кандидати , за кандидатите кои ги исполнуваат условите по огласот ќе биде спроведен квалификационен испит согласно член 160 од Законот за здравствена заштита, за кој кандидатите ќе бидат дополнително известени.

Рокот за пријавување на кандидатите е 5 работни дена по објавувањето на огласот во весниците Слободен печат и Коха.

 Како прв ден на објавување се смета денот на последното објавување во јавно гласило.

 

Пријавите со потребните документи да се доставуваат во архивата при ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ Прилеп секој работен ден од 7,00 часот до 15,00 часот, или по пошта на ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ Прилеп ул. Трајко Тарцан бб Прилеп ,  со назнака за јавен оглас.

Во пријавата задолжително да се внесе телефон за контакт.

Некомплетирани и ненавремено доставени пријави , нема да се разгледуваат.

 

 

 

  ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ Прилеп

                             В.д.  Директор,

            Д-р Драги Богојески

            ___________________