ЈЗУ Општа болница" Борка Талески" Прилеп

ИНТЕРЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

на здравствени работници во ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ Прилеп

                                   

ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ Прилеп, распишува интерен оглас   зa вработените здравствени работници во оваа ЈЗУ, на следните работни места:

1.Раководител на Оддел за радиодијагностика и мамографија ........... 1 (еден)  извршител со 7-ми степен на образование медицински факултет со  лиценца за работа како доктор специјалист по радиодијагностика.

  1. Раководител на Оддел за анестезија со специјалистичко консултативна амбуланта ........... 1 (еден)  извршител со 7-ми степен на образование медицински факултет со  лиценца за работа како доктор специјалист по анестезија со интензивно лекување.

 

Кандидатите од точка 1 и 2 треба да ги исполнуваат следните посебни услови:

  • да не му е изречена дисциплинска мерка или мерка за намалена работна успешност во период од 12 месеци пред објавувањето на овој оглас.
  • Кандидатите  да имаат завршено VII/2-б степен на образование медицински факултет,
  • Да има лиценца за работа  од соодветната специјалност.

 

Кандидатите од точка 1 и 2 покрај пријавата да ги достават и следните документи:

  • доказ за познавање на странски јазик (англиски, германски или француски)
  • потврда дека не му е изречена дисциплинска мерка или мерка за намалена работна успешност во период од 12 месеци пред објавувањето на овој оглас.

-Доказ за завршен медицински факултет и

-Лиценца за работа од соодветна специјалност.

Рокот за пријавување на кандидатите e 5 работни дена по објавување на огласот на ВЕБ страницата на ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ Прилеп и на огласна табла.

Пријавите со потребните документи да се доставуваат во архивата при ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ Прилеп или по пошта на ул. Трајко Тарцан бб Прилеп.

Пријавите со некомплетна документација нема да се разгледуваат.

 

 

 

 

 ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ Прилеп

                          в.д. Директор,

        Д-р Драги Богојески

                                                                 ____________________