ЈЗУ Општа болница" Борка Талески" Прилеп

Врз основа на член 157 став 1 алинеа 2 и 162 од Законот за здравствена заштита ("Службен весник на Република Македонија" бр. 43/12, 145/12, 87/13, 164/13, 39/14, 43/14, 132/14, 188/14, 10/15 , 61/15, 17/16, 37/16 и 20/19, и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 101/19 и 153/19 ), Правилникот за систематизација на работните места на ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ Прилеп бр. 01-402/3 од 31.05.2019 година и Правилникот за измена и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ Прилеп бр. 01-777/4 од 15.10.2019 година,  согласноста на овој Правилник  дадена од Министерството за информатичко општество бр. 12/6-1872/2 од 06.06.2019 година и бр. 12/6-1872/5 од 17.10.2019 година,  како и Одлуката за спроведување на интерен оглас за вработување на здравствени работници бр. 04-788/1 од 21.10.2019 година, ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ Прилеп, распишува:

 

 

ИНТЕРЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

на здравствени работници во ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ Прилеп

                                   

ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ Прилеп, распишува интерен оглас   зa вработените здравствени работници во оваа ЈЗУ, на следните работни места:

  1. Раководител на Оддел за специјалистичко консултативна здравствена дејност по општа хирургија ........... 1 (еден)  извршител со 7-ми степен на образование медицински факултет со  лиценца за работа како доктор специјалист по општа хирургија.
  2. . Раководител на Оддел за болничка здравствена дејност по ортопедија со операциона сала ........... 1 (еден) извршител со 7-ми степен на образование медицински факултет со  лиценца за работа како доктор специјалист ортопед.
  3. . Раководител на Оддел за гинекологија со операциона сала ........... 1 (еден) извршител со 7-ми степен на образование медицински факултет со  лиценца за работа како доктор специјалист по гинекологија и акушерство.
  4. . Раководител на Оддел за ултразвучна и комјутерска дијагностика ........... 1 (еден) извршител со 7-ми степен на образование медицински факултет со  лиценца за работа како доктор специјалист по радиологија.
  5. . Раководител на Оддел за  ургентна медицина ........... 1 (еден)   извршител со 7-ми степен на образование медицински факултет со  лиценца за работа како доктор специјалист по ургентна медицина.
  6. . Одговорна медицинска сестра во Оддел за болничка здравствена дејност по ортопедија со операциона сала ........... 1 (еден) извршител со 7-ми степен на образование дипломирана медицинска сестра со  положен стручен испит.

7. Одговорна медицинска сестра во Оддел за специјалистичко – консултативна здравствена дејност по ортопедија ........... 1 (еден) извршител со 7-ми степен на образование дипломирана медицинска сестра со  положен стручен испит.

  1. . Одговорна медицинска сестра акушерка во Оддел за акушерство со родилна сала ........... 1 (еден) извршител со 7-ми степен на образование дипломирана акушерка или дипломирана  медицинска сестра со  положен стручен испит.
  2. . Одговорна медицинска сестра во Оддел за  нефрологија ........... 1 (еден) извршител со 7-ми степен на образование дипломирана медицинска сестра со  положен стручен испит.
  3. 0. Одговорна медицинска сестра во Одделот за неврологија........... 1 (еден) извршител со 7-ми степен на образование дипломирана  медицинска сестра со  положен стручен испит.
  4. 1. Одговорен радиолошки техничар во Оддел за ултразвучна и компјутерска дијагностика ........... 1 (еден) извршител со 7-ми степен на образование дипломиран радиолошки технолог со положен стручен испит.
  5. Одговорна медицинска сестра во Одделот за ургентна медицина ........... 1 (еден) извршител со 7-ми степен на образование дипломирана  медицинска сестра со  положен стручен испит.

Кандидатите од точка 1 до точка 12 треба да ги исполнуваат следните посебни услови:

  • да не му е изречена дисциплинска мерка или мерка за намалена работна успешност во период од 12 месеци пред објавувањето на овој оглас.
  • Кандидатите од точка 1 до 5 да имаат завршено VII/2-б степен на образование медицински факултет,
  • Да има лиценца за работа од соодветна специјалност.
  • Кандидатите од точка 6 до 12 да имаат завршено VII/1-а висока медицинска школа високо стручно образование со 180 кредити од област соодветна на работните места опишани погоре,
  • Да имаат положен стручен испит.

Кандидатите од точка 1 до 12 покрај пријавата да ги достават и следните документи:

  • доказ за познавање на странски јазик (англиски, германски или француски)
  • потврда дека не му е изречена дисциплинска мерка или мерка за намалена работна успешност во период од 12 месеци пред објавувањето на овој оглас.
  • За кандидатите од точка 1 до 5 доказ за завршен медицински факултет и лиценца за работа од соодветна специјалност.
  • За кандидатите од точка 6 до 12 доказ за завршено високо стручно образование со 180 кредити од соодветната област и уверение за положен стручен испит.

Рокот за пријавување на кандидатите e 5 работни дена по објавување на огласот на ВЕБ страницата на ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ Прилеп и на огласна табла.

Пријавите со потребните документи да се доставуваат во архивата при ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ Прилеп или по пошта на ул. Трајко Тарцан бб Прилеп.

Пријавите со некомплетна документација нема да се разгледуваат.

 

 

 

 

 

 ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ Прилеп

                          в.д. Директор,

        Д-р Драги Богојески

                                                                 ____________________