ЈЗУ Општа болница" Борка Талески" Прилеп

ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ – Прилеп е јавна здравствена установа, произлезена со формалната поделба на Медицинскиот центар Прилеп на 05.07.2005 година, со права, обврски и одговорности утврдени со Закон, Колективен договор, Статут и други општински акти.

ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ – Прилеп располага со високостручен и квалитетен лекарски кадар кој во својата работа е поддржан од висок, виш и средномедицински персонал со големо искуство. Административно-техничкиот персонал, организационата поставеност и функционирањето на информатичкиот болнички систем претставуваат одлична логистичка поддршка за здравствениот кадар и се од големо значење за непречено функционирање на установата.

Услугите на ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ – Прилеп најчесто ги користат пациенти од општините ПрилепКрушевоМакедонски БродКривогаштани и Долнени со околу 120.000 жители. Болницата располага со 407 болнички постели, или 3.5 постели на 1000 жители. Бројот на годишно прегледани пациенти изнесува над 175.000, со преку 12.000 хоспитализирани болни, Просечниот број на болнички денови по пациент изнесува 6 дена, а во 2006 година имаше 1200 породувања.

Болничката зграда е изградена во 1980 год. Вкупната корисна површина на болницата изнесува 19.440м2, од кои 17.890м2 опфаќа стационарниот дел, а 1550м2 отпаѓаат на специјалистичко-консултативните служби (амбуланти).

ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ – Прилеп го осигурува третманот на сите заболувања со специјалистичко-консултативна и болничка здравствена заштита, вклучувајќи медикаментозен, хируршки, конзервативен третман и третман со физикална терапија и рехабилитација, како и продолжено болничко лекување и тоа:

  • Инфективни и паразитски заболувања

  • Неоплазми

  • Болести на крвта и крвотворните органи

  • Нутритивни и метаболитички заболувања

  • Душевни растројства

  • Болести на нервниот систем

  • Болести на окото и аднексите

  • Болести на увото и мастоидните израстоци

  • Болести на циркулаторниот систем

  • Болести на респираторниот систем

  • Болести на дигестивниот систем

  • Болести на кожата и поткожното ткиво

  • Болести на мускулоскелетниот систем и сврзното ткиво

  • Болести на генитоуринарниот систем

  • Бременост, породување и пуерпериум

  • Состојби што настануваат во перинаталниот период

  • Конгенитални малформации, деформации и хромозомопатии

  • Симптоми, знаци и ненормални клинички состојби

  • Повреди и труења

  • Други фактори кои влијаат на здравствената состојба

 

ЗА НАС